Во областа Атика за три пати зголемен сообраќајот во вториот карантин во споредба со првиот

– За само 15,4 отсто е помал сообраќајот во декември во областа Атика, поширокиот регион на Атина, споредбено со истиот период лани, иако земјата е во карантин и со полициски час, додека пак во вториот карантин е регистрирано зголемување на сообраќајот за 37,5 проценти во споредба со првиот, според податоците од периферијата Атика, јави дописничката на МИА од Атина

Во декември минатата година, просечно на дневно ниво, во периодот од 7 до 19 часот, на 12 булевари биле регистрирани 303.579 возила, додека пак сега 259.580, наспроти 320.883 во април 2019 година и 162.157 истиот период годинава, односно за време на првиот карантин.

Во изминатите денови, во пресрет на Божиќ, се забележува зголемена раздвиженост на граѓаните и зголемен сообраќај на улиците во Атина, што воопшто не потсетува на пролетта кога земјата исто така беше во карантин.

Back to top button
Close