„Моцарт“ донираше кревети за Клиниката за пулмологија и алергологија

Компанијата „Моцарт“ донираше седум современи кревети за интензивна нега на Универзитетскате клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.

– Додека лекарите макотрпно се борат за животот на луѓето во екот на пандемијата, компанија „Моцарт“ веќе со месеци се труди да помогне на државата и здравствените работници, со цел да се подобрат уште повеќе условите за работа во болниците ширум земјата. Низата од големи хуманитарни акции насочени кон болниците, овој пат продолжува со донацијата на најсовремени кревети за интензивна нега, наменети за болниците и Ковид центрите кои лекуваат пациенти заразени од Ковид-19. Првата испорака од седум кревети за интензивна нега беше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, се наведува во соопштението на компанијата.

Од „Моцарт“ информираат дека од Клиниката за пулмологија и алергологија изразиле благодарнота за донацијата, која е оцената како исклучително важна во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни места во болниците.

– Вакви донации за нас се важни, особено сега во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни кревети во некои од болниците, каде се лекуваат болни од Ковид-19. Донираните кревети за интензивна нега ќе бидат распределени во ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија и Ковид центрите во интерните клиники онаму каде што ќе има најмногу потреба. Од името на целиот персонал и пациентите изразувам голема благодарност до компанијата „Моцарт“ за хуманиот гест кој го направија. Го цениме секој труд и поддршка што доаѓа од вистински луѓе во право време. Ваквите дела ќе бидат запаметени и се поттик за нас кој ќе не охрабри да продолжиме во оваа битка, изјави директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, проф. д-р Дејан Докиќ, кој воедно е и координатор на Ковид центрите во интерните клиники.

На доделувањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој ја поздрави оваа акција на компанијата „Моцарт“.

– Ја поздравувам оваа хуманитарна акција на компанија „Моцарт“. Изминатиот месец дониравме лап топ компјутери во Универзитетската клиника за детски болести, а овој пат донираме седум најсовремени кревети за интензивна нега кои ќе бидат прераспределени во ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија во Скопје и Ковид центрите во интерните клиники, а ќе бидат наменети за пациентите со Ковид-19, изјави Богдановиќ.

Од „Моцарт“ велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, секоја донација во болниците е од огромно знчење за здравствениот систем и здравствените работници.

– Со оваа донација, како и сите останати донации од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, сакаме да им испратиме порака на здравствените работници да издржат. Компанија „Mоцарт“ ќе биде тука да ги сослуша сите потреби и да помогне секогаш кога за тоа ќе биде во можност. Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава, па секогаш се трудиме да регираме брзо таму каде што помошта е најпотребна. Продолжуваме и понатаму со низата хуманитарни акции, соопшти менаџментот на „Mоцарт“.

Како што се наведува во соопштението, компанијата „Моцарт“ е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Ковид-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Во борба против пандемијата на коронавирусот компанијата донирала финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Back to top button
Close