Битиќи- Јас го избрав дијалогот за смена на власта. Поголема е целта од смена од некој што е на функција за да дојде друг.

Fatmir Bytyqi

·
Во изјава за телевизија Коха зборував за актуелните состојби во СДСМ и за потребата различните мислења да се соочат на заедничка маса, во која, меѓу другото, ги изнесов и следниве ставови:
Да се собереме сите заедно. И покрај фактот што имаме различни начини на размислување, сите имаме една цел, а тоа е како да ги победиме ВМРО-ДПМНЕ и актуелната власт, која, всушност, ја води Македонија во провалија.

 

Тоа е главната цел на двете страни, или можеби и на повеќе страни. И јас лично сум познат како еден од оние што се прилично критични, и внатре и надвор. Но јас го избрав патот на дијалогот, затоа што сметам дека заедничката маса во рамките на партиските органи е местото каде што треба да се кажат сите работи.

Ако борбата и различното мислење имаат цел само да заменат некого што е на функција, за да дојде некој друг, тогаш не сме ја постигнале целта. Целта е многу поголема.
Она што го велам е дека, да, можеби треба да се разговара и за позицијата на актуелниот претседател, но треба да се види кои алтернативи се нудат.

 

Најважно е да се разговара за концептот на партијата, за нејзините големи цели, а потоа и за секоја одделна функција, почнувајќи од претседателот па натаму.
Сметам дека е погрешен ставот дека, ако еден човек замине и дојде некој друг, проблемот ќе биде решен.

Back to top button
Close