ВИДЕО: Милошоски ја снимаше тензичната атмосфера во Собранието вечерва, Џафери му најави пријава

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошовски објави видео од денешното продолжение на собраниската седница, кое се одвива во тензична атмосфера, поради обвинувањето на опозицијата дека спикерот Талат Џафери не ги известил навремено за седницата и дека не ја образложил итноста.

Милошоски посочи дека нервозата е резултат на намерата на парламентарното мнозинство доцна вечер да го изгласа законот за ГА-МА, според кој државата ќе го преземе цел пакет во друшвото за гас, а на содружникот Макпетрол ќе му исплати над 30 милиони евра.

Спикерот Џафери, пак, го предупреди Милошоски дека ќе заработи кривична пријава, бидејќи снима неовластено и без дозвола, додека Милошоски се бранеше дека тоа претставува негово уставно право./Фокус

Back to top button
Close