Каракачан(ов) ќе вакцинира само Бугари

Каракачанов е вицепремиер и министер за одбрана кој успешно ја брани Бугарија од опасната нуклеарна комунистичка велесила Македонија, која има територијални претензии кон источниот сосед. Тоа најмногу му успева со тоа што држи огнени и ептен патриотски говори, како да е во Солун во тајната ќелија на ВМРО.

Ете и еден ваков анахронизам поминува на Балканите како алва кај гладните за ревизија на историјата, ако може најдобро од Јешил Ќој (Сан Стефано) од 3 март 1878 година, ако не може барем враќање на бугарската администрацијата и војска во ослободена Македонија од 1941 година до 1944 година. Е, па добро, тогаш вакцините како донација од Бугарија со идентитетска спасоносна содржина да ги нарачеме „каракачанки“ и со ова „цепиво“ да се боцкаат само тие кои имаат бугарски пашапорт. Другите ќе почакаат.

Време е на нашиот пријател и брат да му се заблагодариме и идентитетските вакцини да не ги праќа во Македонија. Оти може со протекција да ја прими и некој што не се чувствува како Бугарин. Ако вакцините не се само за Бугарите во Македонија тие можат да бидат многу опасни.

Замисли ти удрат една „каракачанка“ и од утре стануваш Бугарин. Тоа може да биде многу трауматично. Јас претпочитам да добијам американска, или германска вакцина и онака имам неколкукратен идентитет. Одамна сум имун на идентитетски епидемии. Галиба нема уште нешто да промашам.

Целата колумна на Ерол Ризаов на независен мк

Back to top button
Close