Гинцбург: Вакцината Спутник V не предизвикува алергиски реакции

Во Русија досега се вакцинирани 700.000 граѓани со вакцината Спутник В и не се забележани сериозни алергиски реакции, изјави директорот на Научно-истражувачкиот институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”, Александар Гинцбург.

– Алергиски реакции на вакцината Спутник V не се пријавени за време на клиничките испитувања, во која било од трите фази, како и во циркулацијата меѓу граѓаните, рече тој во интервју за каналот „Русија 24″.

Гинцбург додаде дека Министерството за здравство заедно со Федералната служба за надзор во здравството многу внимателни ги следи нуспојавите.

Тој вчера рече дека 85 проценти од волонтерите кои ја примиле вакцина Спутник V немале никакви несакани ефекти, а оти 15 проценти од вакцинираните развиле црвенило на местото на инјектирање и лесна главоболка што поминала во рок од 24 часа.

Најнепријатниот несакан ефект што едно лице може да го развие по приемот на вакцината е температура до 38 степени за два дена, што може да се третира со една таблета парацетамол, објасни Гинцбург.

Back to top button
Close