Новинарката која известуваше од Вухан осудена на четири години затвор

Кинеската државјанка Жанг Жан е осудена на четири години затвор за известување во живо од Вухан кога избувна епидемијата, изјави нејзиниот адвокат денеска, скоро една година откако се појавија детали за „непозната вирусна пневмонија“ во тој град во централна Кина.

Жанг, поранешна адвокатка, беше осудена на кратко судско рочиште во Шангај за наводно „предизвикување расправии и проблеми“ со известување во хаотичната прва фаза на епидемијата.

Нејзините извештаи во живо во февруари беа широко споделенувани на платформите на социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на властите кои казнија осум „свиркачи“ кои го критикуваа одговорот на Владата на епидемијата.

Како што пренесуваат странските агенции, Пекинг си го честиташе својот „извонреден“ успех во контролирањето на вирусот во рамките на своите граници, со економија во подем, додека поголемиот дел од светот наметна блокади и се соочи со голем заразени во текот на целата година од почетокот на пандемијата во Вухан.

Судењето се случи неколку недели пред меѓународниот тим експерти од Светската здравствена организација да пристигне во Кина за да го испита потеклото на Ковид-19.

Жанг беше критична кон одговорот на властите на почетокот на епидемијата во Вухан, објавувајќи текст во февруари во кој напиша дека Владата „не им давала на луѓето доволно информации, а потоа едноставно го затворила градот“.

„Тоа е сериозно кршење на човековите права“, напиша таа.

Судот соопшти дека таа ширела „лажни коментари“ на Интернет.

Таа започна штрајк со глад во јуни, поради што здравствената состојба и е нарушена и се храни преку носна цевка.

Back to top button
Close