Швајцарците гласаат за порестриктивно толкување на неутралноста на државата

Граѓаните на Швајцарија денеска ќе гласаат на референдум за тоа дали сакаат порестриктивна дефиниција за неутралноста на нивната земја, што би значело, меѓу другото, дека таа не може да воведува меѓународни санкции врз завојувани страни.

Иницијативата ја покрена национално-конзервативната организација „За Швајцарија“ (Pro Schweiz), а е поддржана од десничарската Швајцарска народна партија (SVP), најголемата партија во Долниот дом на парламентот, претставена во швајцарската влада, додека другите партии во владата се противат на таа иницијатива.

Владата верува дека Швајцарија мора да одржи флексибилност во примената на неутралноста на начин што им служи на нејзините национални интереси.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните ќе ја отфрлат иницијативата.

Back to top button
Close