Тв24: Жестоки кавги во влада, Заев барал или да се најде Мијалков или ќе има оставки

Според информации кои ги пренесе ТВ24, утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите.

На средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките. Според наши извори во кабинетот, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.

Дополнето:

Владата потврди: Заев ги повикал на состанок одговорните лица на институциите надлежни за бегството на Мијалков

Back to top button
Close