Барнам не ја исклучува можноста Велика Британија повторно да стане дел од ЕУ


Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека приоритет му е „обнова на мостовите со европските сојузници“ и оти не ја исклучува можноста во иднина Велика Британија повторно да стане дел од Европската Унија.

Барнам, денеска првпат ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и не ја исклучи можноста за поништување на Брегзит во следниот манифест на лабуристите.

– Она што треба да го направиме сега е да преминеме на следното ниво во однос на постигнување практичен договор, што дополнително ќе ја поттикне британската економија и овие прашања се од суштинско значење, посочи Барнам.

Граѓаните на Велика Британија гласаа за напуштање на ЕУ на референдум во 2016 година, а земјата официјално ја напушти Унијата во 2020 година

Back to top button
Close