Демонстранти ја урнаа статуата на Алберт Пајк во Вашингтон

За време на вчерашните протетси во САД, на одбележувањето на Денот на еманципација, демонстрантите во Вашингтон ја демолираа и запалија статуа на Алберт Пајк, американски поет, адвокат, истакнат член на масонската ложа и висок офицер на војската на Конфедерацијата за време на американската граѓанска војна.
Статуата беше завиткана во синџири, урната и запалена, а налутените демонстранти извикуваа „нема правда, нема мир“ и „не сакаме расистичка полиција“.
And protesters just toppled the Albert Pike statue in DC pic.twitter.com/gEzJm0OYjd
— Perry Stein (@PerryStein) June 20, 2020
На својот профил на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп побара отстранување од функцијата на градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бузер и ја обвини полицијата дека „не ја извршува својата работа“.
Снимките и фотографиите што беа споделени преку социјалните мрежи покажуваат дека полицијата цело време била присутна на самото место, но не интервенирала.