Плусинфо: Здравјето на Камчев влошено, нема свеж воздух,светлина и доволно питка вода
Одбраната на притворениот Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет, пренесува Плусинфо.

Одбраната од нив ќе побара да спроведат ад-хок мисија, бидејќи Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор. Просторијата во која се држи Јордан Камчев е под сите минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Нема санитарна вода, а вода за пиење добива ограничено и не секој ден. Нема пристап до светлина и до свеж воздух.
Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту било каков одговор, вели одбраната.
Повеќе на Плусинфо






