На инфективните одделенија се лекуваат 722 пациентa, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 48 лица

– На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 722 пациентa и слободни кревети има. Во КОВИД-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 515 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1237 и има околу 670 празни болнички кревети во КОВИД-центрите.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаа довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
-Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведува Министерството.
Според МЗ, во последното деноноќие од КОВИД-центрите во Скопје дома се пуштени 67 оздравени пациенти, а на интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти, а 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени два нови пациента. Во моментов во КОВИД-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 28 болни.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.






