Конференција „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!“

– Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст денеска ќе одржат онлајн конференција на тема „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!“.
Конференцијата се одржува во рамките на Неделата на Црвениот крст која се одбележува од 8 до 15 мај, со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.
На конференцијата ќе учествува Горан Кунгуловски, доктор на науки по геномика и молекуларна епигеномика.
Конференцијата има за цел да ги информира граѓаните за процесот на вакцинација против Ковид-19 и овозможување пристап до информации од проверени извори.





