Жител на Струшко пројајден мртов до превртен автомобил

– Седумдесет и шест годишен жител на струшкото село Ливада пронајден е мртов во близина на превртен автомобил во атарот на селото Делогожда. 

СВР Охрид информира дека вчера во 19 часот и 40 минути во Одделението за внатрешна контрола – Струга било пријавено превртено возило марка „Нисан примера“ со струшки регистарски ознаки на шумски пат во атарот на Делогожда, а во близина на автомобилот имало починато лице. 

– Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. с

Back to top button
Close