Предложени парични казни за шестмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час

– Надлежен јавен обвинител за шестмина скопјани предложил парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност пораки непочитување на полицискиот час, информира јавното обвинителство.

Како што свои во соопштението од ЈО, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, појаснува обвинителство, биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close