Средба Бектеши – Кундурос: Реализацијата на заднички енергетски проекти се клучни за зголемување на регионалната соработка

Продлабочување на економската соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, беше тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и грчкиот амбасадор во нашата земја Русос Кундурос.

– Северна Македонија и Грција имаат традиционално висока економска соработка, трговската размена е во континуирано во раст и покрај пандемијата, Грција е наш четврти најголем трговски партнер, а грчките компании се едни од најголемите инвеститори во земјата, истакна Бектеши.

Министерот посочи дека има голем потенцијал за дополнително зголемување на соработката во енергетскиот сектор, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји си изградба на интерконектор.

Како што истакна министерот Бектеши преку гасното поврзување со Грција, Северна Македонија ќе добие нов извор за снабдување со поеколошки и поевтин енергенс, а со тоа и можност да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

– На состанокот беше изразена поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи, велат од Минисерството за економија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close