Средба на директорот на ЦУК Ангелов со претставник на „Мрежа на противпожарни доброволни друштва“

Во Ценатарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Ценатарот за управување со кризи (ЦУК) оствари работна средба со претставникот на „Мрежа на противпожарни доброволни друштва“, инаку секретар на ПП доброволното друштво „Архангел“ од Битола,  м-р Александар Ангелески, со цел запознавање со можностите и активностите на овие ресурси во државата за превенција, рано откривање и гаснење пожари. Тоа е продолжување на континуитетот средби за превентивни противпожарни активности во овој период.

Инаку, оваа доброволна противожарна мрежа од друштва во државата е под патронатство на „Операција Флоријан“ од Велика Британија. Тие, преку нивниот претставник на средбата, искажаа очекување и потреба за институционална поддршка, бидејќи, како што информираа, во помалите градови и општини се први, а често и единствени, при брзи противпожарни интервенции. Истовремено, за во блиска иднина, најавија и промотивна вежбовна активност за прикажување на капацитетите на „Мрежа на противпожарни доброволни друштва“ во Р. С. Македонија.

 

Back to top button
Close