Џафери на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија на генералното собрание

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска на онлај средбата на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија на генералното собрание порача дека воспоставувањето конзистентни билатерални и мултилатерални односи на соработка и дијалог е најсоодветниот и најсигурен начин на градење на заедничка стратегија за справување со актуелната меѓутоа и со секоја идна пандемија или глобална катастрофа која би се заканила на светот.

-Едно сфативме, и тоа на потешкиот начин, здравјето на нашите граѓани е пред сѐ и над сѐ, и со тоа не смее да има пазарење, а пристапот до вакцини и до здравствените услуги е универзално право, како што е и образованието. Инклузијата на секое човечко битие со пристап до елементарните права и слободи е есенцијално, при што, парламентите се клучните институции во кои се раѓа и негува демократијата и почитувањето на човековите права и враќањето на довербата на луѓето во неа, истакна Џафери.

Претсадателот на Парламентот нагласува дека фокусирањето во безбедноста и благосостојбата на сите, со инвестирање во родови еднакви општества кои водат сметка да нема маргинализирани, обесправени, помалку платени работни позиции, нелојална конкуренција на пазарот на трудот со еднакви надоместоци за иста работа е одговорност на сите.

-Како што е и грижата за водените, воздушните, природните и зелени ресурси на планетата Земја. Одржливите развојни цели на Обединетите нации се наша заедничка цел во насока на постигнување на рамномерно заздравување и развој и на најмалото катче на планетата Земја, порачува Џафери во обраќањето.

Според него, светот пред пандемијата, со сите свои недостатоци, нееднаквости, несразмерност во развојот, достапност до основни човечки потреби и права, сиромаштијата, третманот на жените, децата и немоќните, уште посурово ги покажа своите негативности во ова време на живот во пандемија

Драго ми е што денес можам да Ве поздравам сите, дури и на овој виртуелен начин за кој што се надевам дека набрзо ќе стане минато на кое нерадо ќе се сеќаваме. Притоа, не мислам дека ова е лош начин туку, мислам на сите непријатности што ги предизвика пандемијата со КОВИД-19. Болните настани и засекогаш изгубените човечки животи, колапсот што го предизвика на здравствениот систем, последиците врз економските системи на земјите во светот, ударот врз семејните буџети и се разбира, психолошките трауми и белези кои сега можеби и не се толку видливи меѓутоа секако во блиска иднина, ќе ја покажат ненадоместлива штета врз отсекогаш воспоставениот начин на живеење, работење и дружење на луѓето, врз растот и развојот на младите поколенија и се разбира врз брзината на заздравување на последиците.

Цафери, како што пренесе прес-службата на Собранието, оцени дека е многу важно Република Северна Македонија да биде дел од големото семејство на Обединетите нации, дел од ИПУ, дел од големото европско семејство и сите иницијативи чија цел е сплотување на силите за правење на колективно добро за сите.

Back to top button
Close