Германски компании бараат добавувачи во држави од Западен Балкан
– Германските компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан, а заинтересираните компании од Србија можат да аплицираат до 17 јуни годинава, јави Бета.
Пријавувањето е преку веб-страницата на Германско-српската стопанска комора (https://serbien.ahk.de/sr/).
Регионалниот проект Б2Б „Германска иницијатива за наоѓање добавувачи на Западен Балкан“ се спроведува седма година, а минатата година се одржаа повеќе од 300 состаноци, со учество на 52 српски компании.
Проектот е организиран од Германско-српската стопанска комора, претставништвата на германската економија на Западен Балкан (AHK), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME e.V.).
Германските компании кои бараат добавувачи се главно од секторот за обработка на метали како и сектори за обработка на пластика и електроника.