Телефонски разговор Заев – Јанев: Дијалогот носи решенија
– Политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, заклучија денеска во телефонски разговор премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев
Заев му го честита изборот на Јанев за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа.
Како што соопшти владината Прес-служба, двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија.