Приведен 37-годишен скопјанец баран со потерница
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага денеска во 14.10 часот на улица „Ордан Чопела” во Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот скопјанец М.Р. врз основа на судска наредба.
Како што соопшти МВР, тој се барал со потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицето било предадено во Полициската станица Бит пазар за понатамошна постапка.