Приведен дилер на амфетамин во скопски Чаир
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, денеска во скопската населба Чаир запреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, управувано Е.М. (32) од Скопје, кај кого е пронајдена синтетичка дрога амфетамин.
Како што информираат од МВР, Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.