Д-р Беќаровски: Ист е процентот на појава на тромбоза при примање на „Фајзер“ со „Астра-Зенека“

Проф. д-р Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија во своето гостување во емисијата „Студио 10” на „Телевизија 24” во однос на вакцините рече дека ист е процентот на случаи со појава на тромбоза при примањето на „Фајзер“, како што и со „Астра-Зенека“, но и понатаму граѓаните ја фаворизираат вакцината на „Фајзер“.

– Се зголемува бројот на земји кои ја одобрија вакцинацијата на млади лица со „Астра-Зенека“, вели Беќаровски. Имавме два типа на војна, едната беше негирање на се што доаѓа од истокот, а другата беше борбата за пазарот. Во таа борба, „Астра-Зенека“ очигледно влезе со своите најдобри побуди за да направи вакцина, каде што ќе иде со минимален или без профит, притоа се создаде конкуренција. Факт е дека се појавија тромбози, меѓутоа сите што ги следиме малку подобро бројките, гледаме дека истата појава во ист процент се појавува и кај „Фајзер“, вели Беќаровски.

Според него падот на заболени кој го бележи земјава во изминативе седум дена се должи на релативно топлото време и зголемувањето на бројот на вакцинирани. Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување, а не дека е стекнат колективен имунитет, истакна Беќаровски

Back to top button
Close