Шакира проговори за тешката битка со депресијата: Децата не можеа да ме гледаат и не знаеја како да ми помогнат

Латино ѕвездата, Шакира (44) имаше сериозни проблеми со гласните жици пред четири години, а дури сега зборуваше за тој тежок период.

Сериозно оштетување на гласните жици, вели таа, доведе до депресија. Не можев да зборувам некое време, па комуницирав со своите деца и партнерот Џерард Пике со гестикулации.

– Никогаш не помислував дека, од се што е можно, мојот глас, кој е толку вкоренет во мојата природа, ќе ме напушти. Тоа е мојот идентитет, фактот што не можев да пеам беше неподнослив за мене – беше искрена Шакира во разговорот.

Пејачката истакнува дека било тешко и за нејзиното семејство, бидејќи однесувањето драстично се променило, а на нејзиниот избраник и славниот фудбалер Џерард Пике не им било лесно во тие денови.

– Беше многу тешко да се биде близу мене, мојот сопруг го преживеа тоа полошо од мене. Имаше денови кога не можев ни да станам од кревет затоа што дозволував депресијата да ме обземе. Децата не можеа ниту да ме погледнат затоа што не знаеја што ми се случува – вели Шакира.

Лекарите ја советувале да оди на операција на гласните жици, но нејзиниот глас се вратил пред да замине под нож. Поради проблеми со гласот, таа мораше да ја одложи турнејата во Ел Дорадо за 2018 година, кога целосно закрепна.

Back to top button
Close