Заев не ги разбира протестите на ВМРО ДПМЕ

Премиерот Зоран Заев вели дека не ги разбира протестите на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со преговорите со Бугарија.

Тој вели она што се преговара со официјална Софија е патоказот, додека сè друго се разговара под раководство на португалското претседателство чиј предлог, вели премиерот, е доставен и на Христијан Мицкоски.

Затоа, потенцира тој, не му се јасни протестите на опозицијата, додавајќи дека можеби се организираат поради стравот да се направи исчекор кон ЕУ. „Португалскиот предлог е доставен кај нас, кај бугарската страна и кај Мицкоски и апсолутно добро знае дека предлогот е одличен и појдовна основа за постигање на решението.

Сега да продуцирате протести со по 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, само да се блокира сообраќајот низ градовите е порака која никако не можам да ја разберам.

Веројатно е страв дека постои можност да направиме исчекор кон ЕУ и нашите интеграции и конечно да имаме прва меѓувладина конференција и навистина очекувам најмалку да се помогне, наместо да се блокира, но не е ништо ново.

Во последните 4 години, ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, кочници и правење опструкции на важните процеси кои ја блокираат македонската иднина, друго немаме видено.

Секој со својата одговорност. Од сценаријата што ги кажа Мицкоски верувам ниту едно не е прифатливо за граѓаните на нашата земја“, изјави Заев.

Back to top button
Close