Вo Дебар  3О насто од болните од КОВИД 19 – студенти и ученици

 

Во изминатите четири дена во општина Дебар се реализирани 35 тестови – брис од кои 6 лица се позитивни на Ковид 19 ,едно лице е негативно додека за другите тестови засега нема резултати. Од вкупно 38 болни во втората фаза ,околу 3о насто се студенти и ученици кои се заразиле за време на нивниот престој во Скопје, Тетово и Струга .

Оваа денеска го изјави дебарскиот градоначалник кој воедно е и шеф на кризниот штаб . Тој додаде дека штабот според информациите на здраствените иснтитуции состојбата ја оценува како мошне аларманта и во наредните денови се очекува зголемување на бројот на болните . ,, Деновоиве имавме увезени случаи од Ковид 19во Дебар ,, рече Дука и додаде дека отварањето на границите од денеска   бара максилана дициплина и почитување макксимално на мерките за заштита од Ковид 19 нагласи Дука .

Според СВР Охрид , бројот на самизолирани лица заклучно со денешниот ден е 97 .

Инаку од почетокот на пандемијата во општините Дебар и центар Жупа каде беа евидентирани и првите болни од вирусот Ковоид 19 , 26 февруари до денеска бројот на болните е 9о , од кои четири лица се починати .

 

КМ

Back to top button
Close