Продолжува хуманитарната акција „IT 4 Charity 2021“

– Донаторскиот проект на ИТ компаниите „IT 4 Charity 2021“ и во услови на пандемија продолжува со иновативни активности со цел да им се помогне на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Како што соопшти СОС Детско село, хуманитарната акција „IT4Charity 2021“ почнува денеска и ќе трае четири месеци, до средина на ноември. Концептот на хуманитарната активност е компаниите да донираат средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешање, трчање и возење велосипед) од страна на нивните вработени.
Оваа година во проектот е здружен и нов партнер – македонската апликација „Challenger“ за мерење физички активности. Преку апликацијата „Challenger“ ќе се регистрираат сите изминати километри од вработените во ИТ компаниите и ќе се прикажуваат на веб страницата https://challenger.mk/it4charity/
Во моментот се приклучени осум ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Foxit, Cognism и Challenger.






