Бакшиш судии

Пред неколку дена објавивме наслов: „Обвинета вчера фати пролив на завршни зборови, денеска се пензионираше поротник и судењето на Канческа за Музејот на ВМРО се врати на почеток“. Станува збор за судски процес во предмет на СЈО што почнал пред четири години и сега се враќа на повторно судење.
Многумина реагираа дека сме го ставиле зборот „пролив“ во наслов. Многу било грдо. Им се згадило од зборот. А не им се згадило од целата манипулација да се врати судењето на почеток. Не им пречи дека случајот се влечкал четири години. Не им пречи дека е избран судија-поротник на возраст кога постои голема шанса до крај на процесот да се пензионира. И не им пречи дека баш ден пред неговото пензионирање, едната обвинета фатила пролив и рочиштето се одложило. Ама зборот „пролив“ им пречел. Глумат „граџанска финоча“. Им пречи збор, а не им пречи криминал и корупција.
4Шест судења на случаи на СЈО за високопрофилен криминал и корупција се вратени на почеток по четири години влечкање. Што ќе каже претседателот на Судот Иван Џолев за тоа? Дека судиите одбивале бакшиш?
Ова се случува за време на владеење на политичка гарнитура која ги доби изборите водејќи се од ентузијазмот на граѓанките и граѓаните желни за промени кои ги искажаа во слоганот „Нема правда, нема мир“. Е па, нема правда. А мирот е купен со партиски вработувања. Бакшишот не е евидентиран, зашто на него не се плаќа данок.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.мк.






