Повторно претходно пријавен за загрозување на сигурноста – богданчанецот В.Г. ја уби девојката и си пресуди
Богданчанецот В.Г(21) кој беше пронајден мртов покрај запален автомобил кај Богданци веќе бил пријавен во полиција за насилство, информираа од МВР.

„Има пријава за загрозување на сигурноста од 16.10. 2026 по која веднаш започна да се постапува, а во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство“ информираат од МВР,
Иако еднаш бил уапсен, тој ја уби 17 годишната девојка од Богданци, а според првичните информации, и самиот си пресудил.
„Полициски службеници лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во известувањето на МВР.
Вчера попладне околу 18:40 часот, жител на Богданци пријавил опожарен автомобил на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село, во чија близина имало лице што не давало знаци на живот.
Полициските службеници на местото го пронашле 21-годишниот В.Г. од Богданци, чија смрт ја констатирала екипа на Итната медицинска помош.
По локализирањето на пожарот, во автомобилот било откриено уште едно опожарено тело.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телата се предадени на обдукција за утврдување на причините за смртта и идентитетот на второто лице






