Заев: Промените во ДУИ се видливи

„Ние сме централна коалиција, во парламентот, во Владата и во општините. И функционираме. Голем дел од промените во ДУИ кои се случија во целиот овој период се видливи, дел заради самите, дел заради тоа што се партнери со СДСМ и со другите коалициони партнери и дефинитивно прагматизмот во коалициите го правиме поради насоките од самите граѓани. Тоа што победува, успева да испорача, треба да остане како заедничка понуда и затоа заеднички ќе настапиме. Реков, доминатно, уште во првиот во круг каде е возможно, некаде во вториот круг, а некаде е можно да се случи ДУИ и СДСМ да имаат кандидати и во втор круг. Така што, коалициите ќе се прават и после завршувањето на самите избори. Истовремено, коалицијата ја заокружуваме и со БЕСА и со ДПА, и со другите помали коалициони партнери. Правиме една убава мултиетничка коалиција“,
кажа Заев.