(ВИДЕО) Пожарот кај Кочани ставен под контрола, но не е локализиран. Kуќите не се во опасност
Пожарот над Кочани е под контрола и нема опасност за куќите, но не е локализиран, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Пожарот го гасеа 400-тин луѓе, а покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, помагаа и луѓе вработени во локалните самоуправи обучени за интервенции во вакви ситуации. Им помагаше и армискиот хеликоптер, кој делуваше се до стемнување.
…