Ангелов: Хеликоптерите почнаа да гаснат
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, како што најави утринава, полета заедно со армиските и српските хеликоптери кон опожарените подрачја.

Според информацијата што Ангелов ја сподели на неговиот Фејсбук профил, хеликоптерите почнале да гаснат како што беше најавено сношти
Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер.
– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук.






