ВИДЕО: Пожар кај фабриката „Охис“, затворен е патот за Драчево
Попладнево избувнал пожар во рамките на фабриката „Охис“, неофицијално дознава телевизијата Канал 5.

Пожарот избувнал во близина на скопската фабрика „Охис“. Затворен е и патот кон населбата Драчево. Возилата се пренасочуваат кон Лисиче, велат извори од терен за телевизијата.
Пожарот ја зафатил и зградата на „Охис“.






