ФОТО | Граѓани со фотографии алармираат за пожар во Велес

Вечерва околу 20.00 часот избувна голем пожар во близина на велешката населба Дурутовец, кој поради силниот ветер брзо се шири кон селото Чолошево, а загрижените граѓани веќе објавуваат фотографии на социјалните мрежи сѐ со цел да ја известат јавноста.

 

 

Во гаснење на пожарот учествува екипа од ТППЕ Велес, од каде за МИА информираат дека поради силниот ветер пожарот брзо се шири и претставува голема опасност по куќите.

 

 

Инаку, шест пожарникари со едно противпожарно возило цистерна со вода на ТППЕ Велес, попладнево се упати на помош на населението и пожарникарите во кумановско.

Back to top button
Close