Лошо е луѓе, пожарот е на стотина метри од селото“ – жителите на Робово со апел за помош

Се уште гори кај Пехчево. Ситуацијата и утрово е најкритична кај селата Робово и Умлена каде се стационирани најголем дел од силите за гаснење на пожарот.

– Лошо е луѓе, со пожарникарите од Австрија и припадници на АРМ го гаснеме пожарот кој е неколку стотина метри над селото, вели Марјан од Пехчево на својот Фејсбук профил.

На фотографиите што се објавени на неговиот Фејсбук профил, може да се види како припадници на АРМ и пожарникари од Австрија се обидуваат да се справат со огнената стихија.

 

 

Back to top button
Close