31-годишна пациентка почина од ковид-19
Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид центарот д-р Гзим Нуредини.

– Пациентката имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти.
Тој предупредува на зголемиот број на заразени.
– Преполно е Тетово, не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се зголемува бројот на потенцијални пациенти кои ќе бидат примени. Вчера имавме 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиаат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши ова по две недели, но не знаеме наесен како ќе биде – рече докторот
Тој како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број пациенти, дел од нив да бидат однесени на Инфективната клиника во Скопје. Така, според него, нема да има потреба од реорганизација






