ГАЛЕРИЈА: „Напред розево“ во Градскиот парк во Скопје, 13. кампања против рак на дојка

Важноста на раната дијагноза на малигнитетите и поддршката на пациентите во време на коронавирусот се основните пораки на годинешниот настан, во кој се вклучи и министерот за здравство.

Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска во градскиот парк во Скопје организираше настан „Race for the Cure“- „Напред розово“, во рамки на 13. кампања за борба против рак на дојка.

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој оцени дека системски е подобрен пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином на дојка и други малигни болести.

„Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите кои не се со живеалиште во Скопје, сега ја примаат терапијата во својот град, а доколку не се подвижни, преку Црвениот крст таа им се носи и дома. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно справување со болестите. Редовните лекарски контроли, но и самопрегледот на дојка се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста – напиша Филипче на Фејсбук.

Кампањата за борба против рак на дојка ја поддржа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

Претходно, организаторите, „Борка–за секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think PinkEurope“, информираа дека изминатава година и половина, ковид-19 пандемијата предизвика сериозни застои кај третманот на сите други болести.

„Сега, можеби повеќе од кога биле е потребна нашата поддршка за сите оние кои се соочуваат со рак на дојка. Нашата цел е да испратиме порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите во време на коронавирусот, како основен предуслов за победа над оваа болест,информираа од Здружението

Исто така, посочија дека пациентите од рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата и дека секој од нив заслужува персонализиран пристап на терапија, достапност на најсовремените иновативни лекови и навремена терапија

Back to top button
Close