ХЕРА: Никогаш не сме финансирале активности на „Секс, извидници и рокенрол“
-Низ годините, на ваков начин ХЕРА им има излезено во пресрет на десетици организации низ земјата. ХЕРА никогаш не учествувала ниту во подготовката ниту во спроведувањето на какви било активности во рамките на наведениот едукативен проект или на други проекти кои ги спроведува Првиот скопски извиднички одред (ПСИО). Да појасниме, ХЕРА никогаш не била на терен со ПСИО за сексуално образование во кое било училиште ниту, пак, некогаш поддржала едукација во која било форма за овој проект, објаснуваат од ХЕРА.
Тие додаваат дека активностите спроведени на годинешниот Sex scouts and Rock and Roll немаат никаква врска со сексуална едукација, а сведоштвата во јавноста во најмала рака укажуваат на сексуално вознемирување.
-Токму затоа апелираме надлежните во најбрз можен рок сеопфатно да истражат и да ја информираат јавноста за разрешницата од овој случај. Воедно, сакаме да нагласиме дека ХЕРА не поддржува работилници за сексуална едукација доколку не се спроведуваат од страна на нашите обучени едукатори, според програма што ХЕРА ја има развиено во соработка со стручни лица и во согласност со насоките на УНЕСКО и на Светската здравствена организација, одговараат од ХЕРА.