Најмногу дожд во Гевгелија и Дојран, врнежливо време и во текот на неделава

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Гевгелија и Дојран – 25 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид – четири литри на метар квадратен.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека врнежите од дожд ќе продолжат и во следните денови, а поголемо заладување се очекува од четврток кога на планините на северозапад ќе има и врнежи од снег.

Утре врнежите ќе продолжат, околу пладне ќе бидат поинтензивни на
запад, а во вечерните часови на исток. Во јужните делови, каде се
очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во
вторник попладне и среда претпладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви
периоди.

Пообилни врнежи од дожд повторно се очекуваат во четврток, кога поради заладување, на
планините на северозапад ќе има врнежи од снег. Од вторник повремено ќе дува засилен
северен ветер

Back to top button
Close