СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го пушти Николовски да се бламира, не знае дали има мнозинство или му испари
СДСМ во соопштение реагира на денеска изнесените наводи на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со иницијативата за ново парламентарноо мнозинство.
„До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство, а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари.
Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не. СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ. Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Нема да дозволиме загрозување на постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници. Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза“, велат од СДСМ.