Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје
Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

Причина за раскинување на договорот е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, пренесе СДК.
„Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра“, соопштија од кабинетот на Арсовска.
…