Во ЕУ се влошува епидемиолошката состојба, во девет земји е загрижувачка
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека во Европската Унија продолжува да се влошува епидемиолошката состојба поради ковид-19 и во десет земји е „многу загрижувачка“.

Од 27-те членки на Унијата, Белгија, Полска, Холандија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји во кои ситуацијата е многу загрижувачка, соопшти ЕЦДЦ.
Со 472.800 заразени на ден оваа недела ширум светот, стапката на зараза расте четврта недела по ред.
За разлика од претходните недели, Европа повеќе не е единствената област каде што ситуацијата се влошува. Лош тренд покажуваат и областите на Латинска Америка и Карибите.