Двајца загинати во сообраќајна несреќа во Светиниколоско
24.11.2021 14:04
264 Читање помалку од 1м
Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, Светиниколско, јави МИА.
Полицијата соопшти дека во 2:45 часот ноќеска во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, Светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А. (21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот.
Сопатникот Д.Ј. (28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа во Свети Николе.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.