Жена се задуши во пожар во стан во Аеродром

Постара жена загина во пожар во стан во скопски Аеродром, потврдуваат од скопската противпожарна бригада за Прес24. Жената се задушила од чадот.
Станува збор за повозрасна жена која била на кислородна поддршка и која утре требало да се оперира од карцином.
Командантот на Пожарната Владимир Симоновски вели и дека жената, која за утре имала закажано операција, не можела да побегне, се задушила од отровните гасови. Живеела сама во станот.
Запалена е само дневната соба кадешто всушност и лежела жената. Останатиот дел од станот не бил зафатен од пожарот.
Пожарникарите ја завршиле својата интервенција.
Според неофицијални информации, најверојатна причина за пожарот е краток спој од боцата за кислород што ја користела жената.






