Обвинителка, а не обвинител, ја испрашала претепаната девојка во болницата во Охрид, со цел запазување на протоколите за заштита на жртвата


Денеска во охридската болница обвинителка зела исказ од 26-годишната Сара Ѓорѓиеска во Охрид, која беше претепана од својот партнер.

Обвинителката, во присуство со претставничка од социјалните служби разговарале со нападнатата девојка. Иако во овој случај е ангажиран и обвинител, сепак за да се запазат протоколите, разговорот со жртвата токму во овој чувствителен период го вршела обвинителка. Во еден случај, можат да се ангажираат повеќе обвинители, со цел да се испочитуваат протоколите за заштита на жртвата, ни појаснија од Обвинителството, по шпекулациите дека е сменет обвинителот кој првично бил ангажиран за случајот.

Осомничениот К.К. се гони за нанесување на тешка телесна повреда, а судот во Охрид му одреди мерки на претпазливост, по барање на Обвинителството, кое не ја побара најстрогата мерка за обезбедување, притвор.

Back to top button
Close