Град Скопје вели дека активно чистат снег низ поголемите улици

Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението.

Тие додаваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

-Локации кои досега се исчистени се Булевар Словенија, Булевар Никола Карев, Населба Даме Груев кон новоселски пат, Улица Радишанска, Улиците низ општина Шуто Оризара, Улиците низ населба Драчево, Последна 24-ка во Сопиште, Патот кон Детската клиника во Козле, Патот од Горно Нерези кон Клиничкиот Центар „Мајка Тереза”, Улица Павел Шатев, Клучката кај Континентал, Мост Маџари, Мост Бардовци и Булевар Босна и Херцеговина, велат од Градот.

Back to top button
Close