Ковачевски на терен проверува како функционира недела како неработен ден

Новите премиер и министерка за труд и социјална политика посетија денеска семејство на вработена во супермаркет, која, како што се посочува, сега има повеќе време за семејството

 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, изрази благодарност до работодавачите и стопанските комори, како и до синдикатите кои го поддржаа законското решение за недека неработен ден и додаде дека одделните разлики што се појавија во имплементација ќе бидат усогласени во интерес на сите.

Тој и новата министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска, како што информираат од Владата, го посетиле семејството Шишковски, со цел да ја запознаат Стефанија – млада жена која работи во локален супер маркет. Според соопштението од Владата, со законското решение неделата да биде прогласена за неработен ден Стефанија сега има повеќе време да им се посвети на семејството и на личниот живот.

 

„Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека таа придонесува работниците како Стефанија да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место“,

се нагласува во информацијата што Владата ја испрати до медиумите.

Со ова законско решение, оценува Ковачевски, е направен уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда, со што е продолжена грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата.

„Токму затоа, за неполни четири години, минималната плата од 9 000 е покачена на над 15000 денари што е повеќе од 6 000 денари месечно по вработен, или 72 000 денари повеќе во семејството годишно“,рече Ковачевски.

Back to top button
Close