ЕУ исклучи седум руски банки од СВИФТ
Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по инвазијата на Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е денеска во „Сужбен весник на ЕУ“.
Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка отркитие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.
Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.
И покрај ова, Сбербанк одлучи сама да се повлечи од Европа, како резултат на финансиските санкции поради руската инвазија.
Критериумот за избор на овие седум банки беше воспоставен според нивната поврзаност со руската држава, со што имплицитно биле вклучени во воените напори.
Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.