(ВИДЕО) Ковачевски: Ова ќе биде економски тешка година

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството.

„Живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина. Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период.
Кога пред 50 дена кога ја преземав функцијата премиер реков дека ова ќе биде кризна година полна предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите.

Back to top button
Close